Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, соопшти дека неговата партија освоила 18 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори.
„Нашите кандидати за градоначалници победија во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Илинден, Сопиште, Петровец, Јегуновце, Карбинци, Зрновце, Кратово, Свети Николе, Виница, Босилово, Штип, Велес“, изјави Милошоски за Канал 5.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа во првиот изборен круг и во Охрид.






