Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека во услови кога 30% од тестираните на Ковид-19 се заразени а смртноста е десетици на ден, власта прави попис и оди кон хаос свесно ставајќи го животот на целата нација во опасност.
5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални. Ако Зоран Заев е спремен и по цена на стотици, и илјадници изгубени животи да оди на попис, Македонија не е. Не вреди да се става животот на нашите најмили на коцка. Заев е 4 години на власт и можеше да организира попис. Попис може да се организира и на есен, но животите кои што ќе се изгубат не може да се вратат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






