„Додека народот гладува и две миниламни плати не се доволни за да ја покријат потрошувачката кошничка, функционерите на власта заработуваат илјадници евра во нивниот мандат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ која за денеска најави објавување афера под наслов „Паразити’.
Кога ќе се погледнат фактите кои од денеска ќе ги презентираме на пресконференции ќе се дојде до логичен заклучок дека може да се заштедат милиони, ако не се алчните функционери на СДСМ.
Ќе објавиме шокантни податоци, од кои ќе стане јасно зошто власта не е загрижена за инфлацијата, а тоа е затоа што нејзините функционери буквално не ја чувствуваат.
Функционерите на власта буквално живеат во луксуз, а народот страда. За сите детали околу аферата Паразити следете денес на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ во 12 часот, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.






