ВМРО-ДПМНЕ: Дали Трајче Заев е во Македонија или во Дубаи?

Дали и кога братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев ќе биде испитан во врска со акцијата за заплена на 200 килограми марихуана вредна 800.000 евра со асистенција на американската ДЕА и дали тој е во земјава или во Дубаи?



„После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога, предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев. Личниот шофер на Заеви, Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици. Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра.

Пратката со марихуана тргнала од фирмата ‘Медика 420’ од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви.

Оттука логично се поставува прашање дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА? Исто така, треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, е во Македонија или избегал во Дубаи“, се наведува во соопштение што утрово го објави ВМРО-ДПМНЕ.