Опозициската партија реагира дека и втора недела откако почна „истрагата“ на институциите за скандалот на Онкологија, нема никаков резултат, ниту пак има некакви индиции, суспендирани или приведени.
„Очигледно власта на ДУИ и СДС подготвуваат нов случај кој ќе се заташка по принципот – кабелот е виновен“, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што после толку денови од ‘официјалната истрага’ нема притворени или суспендирани, отвора сомнеж дека виновниците се во највисоките ешалони на власта и дека сега се прави операција за прикривање на докази, криење на трагите и заташкување на криминалот.
Со оваа власт и со ова обвинителство седнато во скутот на СДС и ДУИ нема да има правда. Правдата за овој монструозен криминал на сметка на болните од канцер, но и за другите трагедии ќе дојде после изборите и промената на власта“, велат од партијата.






