Не е можно со толку кривични дела овој човек да биде  неказнуван за сите кривични дела што ги направиле, се вели во денешното сѝоопштение од опозициската партија.



„Монструмот (Љупчо) Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание.Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето“, се вели во соопштението.

Како е можно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче?

Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив, се вели во соопштението.

„Таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.