ВМРО-ДПМНЕ да пријави во ДКСК ако има информации за „тајни имоти“ на функционери, реагира СДСМ

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК“, за понатамошно постапување.



Ова е реакција од СДСМ откако денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски објави дека неговата партија има документи за нова афера на владејачките партии СДСМ и ДУИ за криење на имот вреден 30 милиони евра од страна на 123 функционери на партиите, реагираа од СДСМ.

Власта крие 30 милиони евра вредни тајни имоти, ако нема прогон ќе бидат објавени имиња

„Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец.Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?“, реагираат од СДСМ.