Нов закон за јазици кој би бил во согласност со Уставот, другите закони, начелата за неговото функционирање, но и со препораките на Венецијанската комисија, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го отфрли барањето на албанските политички партии, односно Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива за официјализирање на албанскиот јазик со Устав.
Партијата, не е против унапредување на правата на граѓаните што живеат во оваа држава, туку тоа мора да биде само во рамките на Уставот.





