ВМРО ДПМНЕ утре ќе поднесе барање до Собранието за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори.
Ова било заклучено на седниците на Извршниот и на Централниот партиски комитет.
“Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада, како и иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на парламентарни избори заедно со претседателските”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.





