Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија, ја прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора, а генералниот секретар на партијата Игор јанушев денес соопштии дека партијата бара итна лидерска средба за името.
Според Јанушев, од премиерот Зоран Заев и од министерот за надворешни работи Никола Димитров (ќе) се бара да се соопштат деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. На лидерската треба да биде присутен и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
Вчера во Сунио шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ги направиле последните подготвки за за средба Заев – Ципрас во Софија на 17 мај.
Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека кога ќе се разбере дека ќе има нова средба „решението за името е блиску“.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Зоран Заев, иако е премиер, го нема монополот да одлучува за ова најважно прашање, а евентуалниот договор да биде ставање на целата држава пред свршен чин.
„Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Потребни се одлуки. Бараме итна лидерска средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден“, истакна Јанушев.





