ВМРО-ДПМНЕ: Албанија почнува преговори, Македонија „во чекална“

„На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште.



Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат за Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски.

„Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот. Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.