Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе, наместо да поднесат оставки. Заев ја спасува коалицијата СДСМ-ДУИ, за него владата е поважна од 14 изгубени човечки животи, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.



„Ако не беше кабелот ќе беше штекерот или осигурачите, но за Заев никако не смее одговорен да биде Филипче, затоа што тие се здружени во криминалот.

Доколку Заев мислеше на Македонија веднаш ќе ја прифатеше оставката на Филипче и Хасани, а веднаш потоа и сам ќе си дадеше оставка, но на Заев поважна му е владата отколку одговорноста за 14 загубени човечки животи.

Заев мисли само на власта и на бизнисите свои, затоа во Македонија имаме над 6.000 починати од ковид-19 и болници кои горат побрзо од картонски кутии. За сето ова ќе има одговорност, а нема да се спасат ниту Заев, ниту Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.