Груби лаже, ако власта има пратеници за да изгласа уставни измени уште наредна недела нека ги стави на дневен ред во Собранието.



Ова го порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако и денеска првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека смета оти проевропското крило во опозицијата расте и ќе даде поддршка за уставните измени со кои Бугарите би се вметнале во Преамбулата од Уставот.

„Редот да шири лаги денес му е на Артан Груби. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски. Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби и денеска и пред два дена изјави дека комуницираат со пратеници во однос на уставните измени и оптимизам му влева проевропското крило.

Тој не кажа кои се тиа пратеници и само кусо одговори дека се од опозциските партии.