ВМРО-БНД: Бугарија и Македонија треба да направат федерација!

Processed with VSCO with a6 preset

Партијата ВМРО-Бугарско национално движење, чиј лидер беше ексминистерот за одбрана Красимир Каракачанов, од својот осми конгрес ги повика владите и политичките организации во Бугарија и во Македонија да се создаде федерација од двете држави!



„Интеграцијата на Македонија минува преку признавање на историската вистина, бугарските корени на денешното население и заштитата на неговите права. Затоа и ги повикуваме владите и политичките организации во Република Бугарија и во РС Македонија за создавање федерација меѓу двете држави на база на нашето заедничко културно-историско наследство и на нашите заеднички геополитички интереси“, стои во 14. точка од приоритетите на бугарската вонпарламентарна партија набележани во декларацијата од Конгресот.