Бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД организира протест кај Жиленци, блокирајќи го патот што води до граничниот премин Ѓуешево, а причините ги изложи почесниот претседател Красимир Каракачанов.



„Нашите барања се планот ‘Макрон’ отфрлен од Парламентот и Бугарија да стави цврсто и јасно вето врз база на писмениот договор што го имаме од 2017 година“, објасни поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Неговата партија на неподнослива горештина и температура од 35 Целзиусови степени повеќе од еден час го блокираше движењето на возилата, при што се содадоа километарски колони од и до границата, а дел од возачите влегоа и во конфликт со демонстрантите.

Членовите и симпатизерите на ВМРО-БНД бараа запирање на „говорот на омраза од другата страна“ и нападите на луѓето со бугарско самосознание, а протестираа и против затворањето на „бугарските културни клубови“.