Влошена состојба на 20 год. медицинска сестра која придружувала заболен од Ковид19 без заштитна опрема (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венкио Филипче денеска доби прашање дали ќе биде побарана одговорност за непочитувањње на протоколите кои биле прекршени во случајот со заболената млада медицинска сестра од Струга.



Според информација од портал од Струга една медицинска сестра на возраст од 20 години од струшката болница била заболена од Ковид19 додека надвор од сите протоколи пренесувала пациент во возило за прва помош до Инфективната болница во Скопје.

Според порталот медицинската сестра не била со регулирано трајно вработување туку била со договор на дело и најверојатно од страв за својата работна позиција во два наврати не одбила туку прифатила без соодветна заштитна опрема да придружува заболени пациенти од Струга до Скопје при што според информациите на порталот се заразила и самата.

Сестрата поради влошување на состојбата деновиве била пренесена во болницата во Битола која е центар за згрижување на пациентите заболени од Ковид19 од овој регион.

Министерот Филипче во одговорот рече дека сите здравствени работници имаат заштитна опрема но најави дека ќе се заинтересира за случајот.

Видеото со прашањето од порталот и одговорот од минисерот на прес конференцијата во продолжение