Влијателен бриселски портал објави дека во Македонија веќе почнала масовна вакцинација

Влијателниот портал за вести поврзани со прашања за ЕУ, проширувањето на унијата и други европски теми информира дека во Македонија од средата трае масовна вакцинација.



Веста е објавена вчера во сабота на втори април.

“Масовната вакцинација започна во s. Македонија во средата, со 24.000 дози на вакцината АстраЗенека, која пристигна преку системот COVAX. Претходно, Србија донираше 8.000 вакцини Пфајзер, кои беа првите вакцини кои пристигнаа во Северна Македонија и беа користени за вакцинирање на медицинскиот персонал”, пишува влијателниот њуз портал кој се повикува на EURACTIV.rs
и betabriefing.com.

Според македонските власти во Македонија масовната имунизација ќе започне во текот на наредните денови иако министерот Филипче при приемот на вакцините од Ковакс системот минатата недела најави дека вакцинацијата ќе започне во среда што помина.

Линк до оргиналниот текст

https://www.euractiv.com/section/politics/news/russia-defends-corruption-in-bulgaria-from-us-criticism/