Зачленувањето на Македонија во НАТО до крајот на оваа година може да доведе до дестабилизација на ситуацијата на Балканот, изјави постојаниот претставник на Русија во Европска унија, Владимир Чижов.
„Проширувањето на НАТО е обид да се одговори на предизвиците на 21. век со помош на средства и механизми од средината на 20. век, создадени во друга епоха и за други цели“, смета Чижов, според кој Македонија насила е туркана кон Северноатлантски пакт и тоа била причината за промената на името на земјата.
Според директорот на Фонд за прогресивна политика, Олег Бондаренко, главната цел на иницијаторите на македонскиот влез во Алијансата е Србија.
„Србија и Босна не се членки на НАТО, спроведуваат политика на неутралност и не поддржуваат антируски санкции. Тие се трн во очите на Европа, а Македонија се покажа клуч кон Србија и Република Српска“, вели тој.





