Директорот на 4. Европски департмент на Министерството за надворешни работи на Русија, Јуриј Пилипсон, во интервју за РИА Новости се осврна на скорешното влегување на Македонија во НАТО.
„Ставот на Русија во однос на проширувањето на НАТО е добро познат: тој процес ги поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилени конфронтации. Пристапувањето кон Алијансата на сите нови членки, вклучувајќи ја и Северна Македонија, го разгледуваме токму од тој аспект“, изјави тој.
Дипломатот истакнува дека не станува збор за воена закана, туку за комбинација од ризици по европската безбедност, „која треба да се поткрепи со сосем поинакви методи, а не со вовлекување на оваа земја во антируската политика и во военото планирање на Алијансата“.




