Влезот на бугарите во уставот е прв чекор до крајот на Македонизмот, тврди бугарски новинар од Прилеп

Бугарскиот новинар Атанас Величков кој сега живее во Македонија ги потврдува тезите дека влезот на Бугарите во македонскиот устав е само почеток на процесот кој треба да доведе до крај на македонската нација и македонската држава каква што ја знаеме сега.



Величков во интервју за бугарскиот весник Труд инаку близок на бугарската Социјалистичка партија воопшто не крие дека влезот на бугарите во уставот е прв чекор до крајот на Македонизмот.

На прашањето за почетокот на процедурата за уставни измени за вклучување на Бугарите во уставот на Македонија и стравот од тоа кај локалните политичари Величков вели дека
,,влегувањето на Бугарите во уставот е првиот чекор кон крајот на македонизмот како геостратешки проект со изразена антибугарска суштина”.

,,Тоа е она што ги плаши локалните политичари. Бугарите не постоеле на територијата на денешна РМ од 1919 година, со исклучок на периодот април 1941 – септември 1944 година. Официјално тоа беа само статистичка бројка. Иронично, ни кажаа дека сме статистичка грешка. Сто години по завршувањето на Првата светска војна и 78 години по крајот на Втората, Бугарите како најзаслужни за независноста на РМ се враќаат таму каде што им е местото, во најважниот државен акт – уставот. . Како Бугари, родени на територијата на државата. Ова е најголемиот удар врз македонизмот, чија основа е пред се изјавата дека Бугарите се само снаи, зетови и случајно поминати граѓани на Бугарија кои основале семејства овде или се привремено преместени”, вели Величков кој самиот пред 16 години доаѓа во Македонија каде бара поддршка од владата во Скопје како репресиран Македонец од Пиринска Македонија.

Според Величков со уставните промени таканаречениот ,,Македонизам” ќе мора да се раздели со својот антибугарски карактер и да стане нешто друго што е во склад со новото време.

,,Ова сериозно ја плаши политичката класа овде, која, да бидам искрен, многу напорно работеше на влевање омраза кон Бугарија и Бугарите, особено оние кои се родени на територијата на РМ. По влегувањето во уставот, Бугарите овде ќе можат да станат дел од администрацијата, војската, полицијата, правосудните органи. Македонските Бугари повеќе не сакаат да бидат маченици, туку директни учесници во изградбата на нивната држава, Република Македонија. Ја заработија оваа улога и ќе ја добијат. Јас сум оптимист. Да видиме како после внесувањето на Бугарите во уставот тие што не нарекуваат фашисти ќе продолжат да го прават тоа непречено. Накратко, Бугарите официјално се враќаат таму каде што отсекогаш биле – во темелите на македонската држава, која иако е изградена на комунистички принципи, ќе мора да се демократизира и вистински да биде дом за сите нејзини граѓани”, вели Величков во интервјуто за бугарскиот весник Труд.