Директорот на струмичката болница Наќе Гогов попладнево откри колку реално здравството ни е во хаос.
Наспроти ставот на министерот Венко Филипче дека ситуацијата е под контрола, Гогов бара граѓаните да дадат пари за функционирање на локалниот здравствен систем.
Наместо да бара пари од Филипче и од премиерот Заев, кој е од Струмица, Гогов без никаков срам бара донации за да се купи ново болничко возило.
„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин, меѓутоа поради малиот број болнички возила, поради тоа што се застарени и често се расипуваат, поради ситуацијата во која се наоѓаме со коронавирусот, каде што транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како ЈЗУ ‘Општа болница – Струмица’ имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба, да донирате на следната жиро сметка: 66027017024859. Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот“, напиша Гогов без никаков срам.
Ако е ситуацијата толку лоша во градот на премиерот кој е еден од најбогатите во земјава тогаш може само да се претпостави колку е катастрофална состојбата во другите посиромашни региони.
Владата во последните 3 години потрошила над 8 милиони евра за набавка на службени возила за владините функционери.
Најнова поврзана вест
Директорот на болницата се повлече – сега бара да не се донира за болничко возило






