Влегол со пиштол во сала за магнетна резонанца и – загинал

Бразилскиот адвокат почина од здобиената повреда откако со пиштол влегол во сала за магнетна резонанца, по што дошло до несреќа во која бил застрелан во стомакот.



Леандро Матијас де Новаес ја однел мајка си на снимање на 16 јануари, но 40-годишникот не им кажал на вработените во болницата дека има пиштол, иако му било кажано да ги извади сите метални предмети пред да влезе во собата.

Пиштолот пукнал откако се нашол во магнетното поле на уредот, а куршумот го погодил во стомакот.

Адвокатот почина на 6 февруари во болницата Сао Луиз Морумби.

Тој беше активист за правото на носење оружје. Своите ставови ги промовираше на Инстаграм и ТикТок, каде го следеа 12.000 луѓе.

Портпаролот на болницата рече дека вработените ги почитувале сите протоколи за да спречат несреќи.

„И пациентот и неговиот придружник беа соодветно информирани за постапката за пристап до просторијата за преглед и предупредени да ги отстранат сите метални предмети“, рече тој.

Но адвокатот не го спомнал огненото оружје и дека пиштолот го внел во просторијата за преглед „по своја одлука“.