Влегол ли потпретседател на СДСМ преку ред на Инфективната клиника?

Потпретседстелот на СДСМ Коста Петров влегол на Инфективната клиника во Скопје без да чека како останатите пациенти, тврдат очевидци кои дисциплинирано чекале подолго време пред да се појави вториот човек на владеачката партија во болницата.



Според објаснувањето на Петров, тој влегол пред другите повозрасни пациенти затоа што имал закажано термин преку системот „Мој термин“.

“Да си знаете низ вените на Коста Петров тече сина крв.
Утрово на Инфективна 10 – тина возрасни чекаат ред за контрола, ама господинод преку ред се пикна.
Па уште лаже на “Мој термин” имал закажано, тука нема Мој термин Косто!

#СеГледамеНаДното 😉”, тврди еден од очевидците кој пластично објаснува како владините функционери – борците за едно општество за сите ги користат позициите и како народот се третира како стока, чека ред додека други добиваат услуги преку ред.