Владимир Панчевски осуден на 3,5 години затвор

По маратонското рочиште што траеше повеќе од десет часа, поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, вечерва во Основниот суд во Велес е осуден на 3,5 години затвор.



Тој беше обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, односно дека во периодот од 23 јануари во 2013 година до 14 септември во 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС системот рачно да се распределуваат конкретни предмети и кажувал на кој судија да се распредели предметот

Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе, пренесе НоваТв.