На локалните избори есента 2017 година Шилегов оствари убедлива победа уште во првиот круг со дури 141.164 гласови на скопјани, а сега, Стево Пендаровски, кандидатот на неговата партија СДСМ, освои само 86.604 гласа.
Поточно, дури 54.560 гласови помалку доби Пендаровски во првиот круг од претседателските избори на 21 април.
Истовремено, власта која досега под контрола ги имаше сите десет скопски општини сега го загуби и мнозинството гласачи дури во пет: Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Аеродром и Ѓорче Петров.
Само од овие пет општини на контото на опозицијата и на нејзиниот кандидат Гордана Силјановска – Давкова се прелеа 33.166 гласови кои порано беа кај градоначалниците од редовите на власта, пишува Скопско Ехо.





