Односот на СДСМ и ДУИ кон екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска која гласаше за уставните измени а потоа беше ослободена од обвинението за случајот ,,Скопје 2014″ може да биде политичко самоубиство за власта е анализата која јавно или интимно ја споделуваат повеќе познавачи на состојбите.
Новиот прогон на еднаш ослободената Канчевска Милевска покажува дека СДСМ и ДУИ не си стојат на зборот за тие што ги послушале како на пример при промена на уставот по Преспанскиот договор.
Канческа Милеска беше една од осумте пратеници кои гласаа за планот на СДСМ и ДУИ по што беше ослободена но сега пак преку шефот на јавното обвинителство за организиран криминал од ДУИ Ислам Абази и обвинителот Лапе ја гонат за слично дело.
Ако Канчевска Милевска глсала за уставот со ветување дека нема да оди во затвор тоа е порака до актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ дека ако некој случајно реши да гласа за влез на Бугарите во уставот еден ден пак можат да бидат прогонувани од СДСМ и ДУИ, сметаат повеќе неутрални аналитичари со кои разговараше expres.mk.
,Обвинението за Канческа – Милевска може да биде и во корист на ВМРО ДПМНЕ, смета новинарот Горан Теменугов кој анализира дека во пресрет на уставните измени, кога веројатно ќе видиме обиди за купување и закани за да се гласа “за”, “амнестираната” екс министерка може да биде пример за тоа што се добива ако се договараш со СДСМ.
,,Од друга стрна пак, ако се обидат да ја подослободат од обвинувањата, власта ќе ги доизгуби сите неутрални кои се надеваа на “Нема правда, нема мир”, јавно анализира Теменугов кој напоменува дека напишаното не е во контекст дали е време или не е за обвинението и кој е виновен или не е туку дека се работи само за проценка на идни дејствија за едно важно политичко прашање.






