Порастот на просечната плата веќе три дена ја бранува јавноста. Согласно последните податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, што беше и повод премиерот Ковачевски да им се заблагодари на сите министри од неговиот и мандатот на неговиот претходник.
Но, колку растот на просечната плата ги отслукува реалните состојби, и дали е вистински одраз на примањата на граѓаните. Податоците од ДЗС покажуваат дека во земајва има професии кои добиваат плати кои се значително повисоки од просечната, но исто така имаме и дејности и вработени кои имаат пониски плати од просекот.
Најниска просечна нето плата има во секторот Заштитни и истражни дејности каде просекот изнесува 17.790 денари, по што следуваат Услуги со одржувањае згради и дејности за уредување и одржување на животната средина и природа со 19.810 денари, па следува Производство на кожа и производи од кожа со 20.537 денари, Дејности за подготовка на оброци и служење храна 21.421 и производство на облека 21.625 денари.
Целата анализа тука.





