Не знаејќи или игнорирајќи го вчерашниот став на Американската амбасада дека Бехтел и Енка не е американски туку проект на владата, ДУИ денеска со соопштение го напаѓа ВМРО дека е против Коридорот 8 и со тоа против Албанците и САД.
Прикажувајќи го меѓу редови Коридорот 8 и 10 Д како албански проект ДУИ сака да ги вметне ЕУ и САД во нивниот проблем со корупцијата со Бехтел и Енка.
,,Опозициската ВМРО ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е фундаментално ориентирана против Албанците во нашата држава, против изградбата на Коридорот 8 и против интеграцијата во Европската Унија и стратешкото пријателство со САД”, оценува Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштението.
,,Бруталната бесмислена и неискрена кампања на ВМРО против изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени состаноци, друго во јавност. Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година”, се наведува во партиското соопштение.
Предходно премиерот Ковачевски ги повика амбасадите на САД и Турција да ја разјаснат нивната вмешаност во проект обвинет за корупција.
На тоа по барање на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа амбасадата на САД одговори, дека тие немаат никаква вмешаност во преговарање или диктирање на условите на каков било договор.
Според реакцијата на амбасадата на САД примарната мисија на амбасадата е да го поттикне економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.
Сите прашања за процесот на преговарање и резултатите да се пратат на преговарачките страни со што Амбасадата стави крај на злоупотребите кои во изминатиот период ги правеа Ковачевски, Груби, СДСМ и ДУИ дека обвинувањата на опозицијата за коруптивниот и штетен договор со Бехтел е напад врз САД.
Прашајте ги владата и конзорциумот, САД се огради од договорот со Бехтел и Енка (ВИДЕО)






