Владеачката коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Алтернатива останува без еден од 64 пратеници во Собранието.
Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива, дел од владеачкото мнозинство, во иднина ќе делува како независен.
Реџепи беше посочуван како како лидер на фракција што постои во Алтернатива која ја води Африм Гаши.
Тој во писмената изјава до парламентот најавува дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.






