Во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени. Шест и пол години нема ниту еден поголем проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Додаваат дека шест и пол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка.

Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има,велат од опозициската партија.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта“, истакнуваат од партијата.

Нагласуваат дека уставни измени не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема.