Власта на Заев утрово уапсила 10 опозиционери

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на општинскиот Комитет во Аеродром.



Апсењето на двајцата опозициски функционери, како што јавуваат повеќе медиуми е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје По неколкумесечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес . Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали“, се вели во официјалната информација на МВР за порталот Курир.мк