Во анализа на актуелната политичка сцена и можните варијанти за предизборни коалиции во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ беа разгледувани сите можни сценарија за политичките соработки и развој на настаните до идната година кога треба да се случат претседателските и парламентарните избори.
Гостин беше професорот Владимир Божиновски кој со својот Институт за политички истражувања ИПИС ја направи последната анкета според која ВМРО-ДПМНЕ убедливо би ја победил евентуалната предизборна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ на следните избори.
Божиновски во емисијата дава 4 можни сценарија за однесување на власта во наредниот период која треба да го спаси СДСМ од тежок пораз.
Емисијата ја водат Драган Милосављевиќ и Горан Момироски кој ја анализира можноста власта веднаш да распише предвремени избори и на денот на изборите да распише референдум за промена на уставот со што на брз и демократски начин може да се разреши проблемот со бугарските барања.
Дебатата во видеото





