Власта го крши деловникот – ВМРО-ДПМНЕ со стотина амандмани за разрешувањето на Зендели

Ќе го блокира ли опозицијата разрешувањето на пратеникот од Беса Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања, а со тоа и комплетирањето на Уставниот суд со четири нови судии, откако власта денеска достави одлука за разрешување на опозицискиот пратеник.



Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и Зендели најавија дека поднеле стотина амандмани за разрешувањето на Зендели.

-ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 100 амандмани за одлуката да се разреши Фадил Зендели од Беса од Комисијата за прашањата за избори и именувања. Бидејќи дневниот ред не е усвоен сметаме дека точката и немора да биде на дневен ред и дека имаме поднесено околу стотина амандмани. Не знам дали ќе ги прегледате или не оти материјалите на опозицијата ги држите во фиока – рече Мицевски.

Зендели истакна дека со одлуката тој да биде разрешен се прави пуч врз Деловникот.