Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поради аерозагадувањето и коронавирусот владата да ги ослободи од работни обврски жените во блажена состојба а истата мерка да им ја наложи и на приватните компании.
“Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик”, побара Мицкоски.




