Професорот и актуелен советник во Советот на Град Скопје, Владо Поповски во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека ние сме со посебен јазик и историја.
„Имаме заедничка историја со Бугарија, Србија, Византија каде што грчкиот елемент беше доминантен два века, со Турција пет века заедничка историја, а заедно сме живееле со Албанците најмногу под различни власти и ние сме со заедничка историја. Ние сме дел од таа историја, но ние сме посебен народ со посебен јазик“ – порачува Поповски.
Поповски вели дека нема разговор за идентитенските прашања.
„Нема разговор за идентитетски прашања дека ние сме и се чувствуваме Македонци, дека нашиот јазик е македонски. За тоа не можеме да расправаме“, потенцира Поповски.






