Aктерoт препознатлив по своите улоги во македонските народни приказни, на својот Фејсбук профил објави видео во кое најави дека ќе го бојкотира престојниот референдум за промена на името.
Владо Дојчиноски вели дека неговата совест ќе остане чиста бидејќи нема да биде дел од прекрстувањето на Македонија, ниту пак дел од уништувањето на Македонија.
Тој порача дека има почит кон предците кои се бореле за Македонија и дека нема да им го одземе правото на своите деца да живеат во земја која се вика Македонија.
https://www.facebook.com/100004365693358/videos/1108962775925902/




