Осврнувајќи се на колумната на новинарката Билјана Секуловска за оперскиот пејач и негов „соборец“ од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски на својот профил на Фејсбук објаснува зошто во Македонија нема опасност од корона вирус.
„Македонци и Македонки, сè додека Игор Дурловски го напаѓаат двоглави змии и хибридни кучки,
не берете гајле.
Кај нас нема опасност од корона вирус.
Вирусот дојде од места каде што се јадат живи змии, крокодили, лилјаци, стаорци… и кучиња.
Во Македонија сè е наопаку.
Во оваа Македонија истите тие предатори имаат патолошка жед или ‘горешта пешт’ да нè изедат сите нас кои си ја сакаме татковината и кои не сакаме да бидеме канибали како нив.
Така што…
Спокојни бидете,
Вакцината доаѓа од Македонија!
Ние Македонците сме ‘пелцувани’ од отровот од кој тие се хранат и со кој сакаат да нè отрујат.
Да се живи и здрави и тие се божја рожба…“, напиша Јовановски.





