Владо Јовановски: МНТ бил и ќе биде. Што е проблемот? Еве, театарот стоо!

Актерот Владо Јовановски, член на Драмата при Македонски народен театар, преку Фејсбук им се обраќа на „северџаните“ по „перформансот“ на навивачката група „Шверцери“ во неговата театарска куќа, со акцент на скандирањето „немате историја“.



„Ние Македонците, имаме свој македонски јазик, своја историја, традиција, култура, митологија…

…Историја немате, историја немате, историја немате…

Скандирање…

Не знам што не е јасно?

СЕВЕРЏАНИ, што е проблемот во ова скандирање?

Вие имате историја?
И од кога е вашата историја?

Јас како македонец, не се чувствувам навреден, од ова скандирање, за историјата…

Освен што не беше местото соодветно и начинот…

А Вие…?

Кажете ја веќе вашата историја,

КОЈ СТЕ, ОД КАДЕ СТЕ, ШТО СТЕ И ЗОШТО СТЕ?

МНТ бил и ќе биде!

Што е проблемот…

Еве театарот Стооо!“, напиша Јовановски.