Владо Јовановски: А да се договориме за Гоце Делчев дека бил Турчин? И така тие први си го утепаа

Актерот Владо Јовановски со саркастичен коментар за ставањето на револуционерот Гоце Делчев во центарот на бугарското условување на македонската евроинтеграција.



„А да се договориме за Гоце Делчев дека бил Турчин? И така они п’рви си го утепаа. Мислам дека е здрав компромис, а и може да помине. Нормално, со дообјаснување во заграда/

(Ц’рн, љут, Турчин со б’ркови, роден во Кукуш, Беломорска Македонија или Килкис на г’рчки, кој се наоѓа во регионот Македонија, денешна Р. Грција. Се борел за слободна Македонија, денес не се знае каде се наоѓа. Извадил бугарски пасош, за да може и во странство да се бори за Македонија).

Па што…

Ем Каракачанов сит, ем овците си се овци! Плус, ќе може да го чествуваме сите, и Бугарите и Г’рците, и Турците, па дури и ние од нашата земја.

Ако е бал нека е маскенбал!“, напиша еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

https://www.facebook.com/vlado.jovanovski.12/posts/3489311137788002