Владините ботови со закана: Ако не мине референдум ќе има војна

Профилот Чорбаџија кој во Твитер заедницата се смета за професионален пропагандист кој работи за владата денеска отворено се закани со војна ако името Северна Македонија не помине на референдумот.



Профилот кој има многу следбеници на социјалните мрежи ни порачува дека ако референдумот не помине Македонија ќе стане Сирија каде што во граѓанската војна загинаа стотици илјади луѓе а над 5 милиони се раселени.

Предходно овој профил во кој според “твитерџиите” е близок на членови на пропагандниот тим на Владата се обидел да го релативизира убиството на Никола Саздовски.