Надворешниот советник во владата односно на Министерот за информирање Роберт Поповски се вклучи во кампањата на владиниот кандидат Стево Пендаровски.
Бубо Каров познат како ликот Цацко од серијалот К15 кој зема хонорар од владата како советник за комуникации во Карпош се шегуваше на сметка на Гордана Силјановска Давкова.
“Добро вечер Чаирчани, еее извинете, искрено да ви кажам сите сте ми исти, сите си личиме”, рече вчера Бубо Каров, алудирајќи на лапсузот на Гордана Силјановска, која во Неготино неодамна ги поздрави Кавадарчани.
Според него лапсузите ја прават оваа изборна кампања порелаксирана и побара да се гласа за Пендаровски.
“Тоа што чаирани сега ги викаат аеродроомци, а карпошани ги викаат чаирчани докажува една друга работа, не само што сме релаксирани, знаеме и на сите ни е јасно како ќе течат работите. Започна концептот „Општество за сите“ и ќе го заокружиме со избор на претседател за сите граѓани. Нека зборува кој што сака. Тоа лебди во воздухот, сигурно е и очигледно. Треба во најголем број да излеземе на гласање и да го потврдиме тоа што го кажав, дека овој човек ќе биде на чело на бродот”– побара Цацко мислејќи на Пендаровски.
Бубо Каров најави дека ќе сними втор дел од познатиот скеч „На брат ми му ја скршија кичмата“, и се обиде да го одбрани Заев за тоа што рекол дека ќе го фрлиме сидро со кое Македонија ќе оди напред.





