Покрај министерот за образование и наука Арбер Адеми, и двајца сегашни функциoнери во Владата незаконски се стекнале со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово,дознава порталот „Фаскултети.
Станува збор за заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, тврди просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.
Емрули вели дека нема да го коментира случајот, а заменик-министерот Нухиу сѐ уште не одговорил на прашањата на Факултети.мк.
Државната комисија за спречување корупција истражува дали станува збор за незаконитост бидејќи работните места на овие функционери на тетовскиот универзитет им биле во мирување кога се стекнале со новите наставно-научни звања.
Претставката до Антикорупциска ја поднел инспекторот Ѓорѓи Илиевски на 13 мај оваа година, а оттаму ни изјавија дека случајот е обемен и дека ќе се отвори постапка за натамошно истражување по овој предмет, пишува „Факултети.мк“.





