Владина делегација денеска ќе отпатува во соседна Бугарија каде утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и на Русија.
Македонската делегација ќе биде дочекана од бугарскиот премиер Кирил Петков во 16 часот на плоштадот Александар Невски во Софија.
На седницата, треба да стартува она што го договорија двајцата премиери при посетата на Петков во Скопје, односно дека формираните четири работни групи ќе работат на интензивирање на соработката.
Со премиерот Ковачевски, денеска во Бугарија ќе патуваат вицепремиерите Битиќи, Маричиќ, Груби и Грковска, но и Благој Бочварски кои ќе копретседаваат заедно со своите колеги и другите министри со три од четирите работни групи.
Во состав на владината делегација е и шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за земјоделество Љупчо Николовски кои не се копретседавачи со работните групи.







