Владината пропаганда во небрано: Филип од Битола вработува повратници од Германија за 300 евра плата

Веднаш по пропагандната активност на премиерот Ковачевски и владата кои учествуваа на настан на кој повратник од Германија тврдеше дека може да се живее скромно со 18,000 плата, во огласникот Реклама 5 се појави оглас со истите услови.



Извесен Филип од Битола на Реклама 5 објавува оглас кој е идентичен со тоа што беше искажано на владиниот настан:

,,Вработуваме повратници
18.000 МКД
Категорија:Работа во странство
Пол:Не е важно
Образование:Не е важно
Возачка дозвола:Не е важно
Познавање на јазици:Не е важно
Компјутерски вештини:Не е важно
Категорија: Вработување / Нудам работа

Вид на оглас: Се продава”.

Огласувачот Филип пишува дека посредува за вработување на повратници од Германија во текстилни фабрики, услови за работа како во Германија, плата 18.000 денари доволна за скромен живот.

Од огласот на огласувачот кој е потврден што значи дека и порано објавувал сериозни огласи не може да се разбере со сигурност дали е тој сериозен во намерата или ги ,,трола” Ковачевски и владата.