Владината модна икона доби конкуренција во колешка од Илинденска

Владината модна икона, министерката за одбрана Славјанка Петровска, доби конкуренција за тронот на најдобро облечени членови на владата.



Петровска која постојано менува модерна и дизајнирана гардероба за која не се знае потеклото ќе мора да се потруди повеќе ако сака да остане најдобро облечен член на владата откако вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска го покажа своето ново комплетче за време на посетата на САД.

На фотографијата на која Грковска го носи дводелниот комплет во жолта боја се наоѓа и сопругата на премиерот Ковачевски која исто така носи фустан во жолта боја.

Сопругата на премиерот Елена која од владата на својот сопруг доби можност да купува државно земјиште за 70 денари за квадрат, очигледно потрошила повеќе пари за нејзиниот фустан кој го носи со црн колан.

Досега Петровска важеше за најдобро облечен член на владата но со новиот стил на вицепремиерката Грковска ништо веќе не е како порано во модните односи во владата.

Владината модна икона со нов дизајниран фустан на 3 години од НАТО членството