Владин тим во Софија, Ковачевски да каже за што преговара

Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?! Се вели во партиското соопштение испратено до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



-Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе? Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата.

Трајно се нарушени Македонските позиции. Ковачевски ја загрози и Македонската евроинтеграција. Со предлогот каков што го преговараше Ковачевски Македонија за да влезд во ЕУ треба да се бугаризира.

Од првичните намери беше спречен од народот, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега повторно на мала врата преговара нешто кое удира по Македонските црвени линии, па после ќе кажува дека не го видел предлогот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.