Поранешниот шеф на пропагандата на владата на Зоран Заев а сега владин национален координатор за Отворен Балкан Марјан Забрчанец се обидува да ги убеди граѓаните дека во Македонија не е лоша економската ситуација споредувајќи ги цените во земјава и во Германија.
,,Трошоците за живот во Северна Македонија се за повеќе од половина пониски од Германија, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика. Поевтино од Македонија е само во Турција”, пишува Забрчанец цитирајќи анализа на германски институции објавена на Дојче Веле.
Забрчанец во фалбата за владата не кажува дека анализата што ја пренесува Дојче Веле содржи услуги и стоки кои во Макеоднија воопшто не влегуваат во ваков вид анализи.
Владиниот функционер не го споменува ниту фактот што платите во Германија реално се најмалку три до четири пати повисоки од Македонија.






