Владин политичар обвини уредник на Сител дека манипулирал на интервју со Маричиќ

Претседателот на политичката партија ПОЕН Рубин Земин кој е дел од коалицијата на СДСМ го обвини уредникот на вестите на ТВ Сител Иван Кузмановски дека манипулирал и не бил подготвен за интервју со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.



Земон кој е екс пратеник и национален координатор за мултикултурно општество без да даде конкретни докази го обвини уредникот дека има низок квалитет како новинар и дека користел популистички финти во интервјуто.

Според тоа што го пишува Земон за лошата власт и негативните феномени на владата виновни се и медиумите.

,,Го гледав сега интервјуто што на ТВ Сител уредникот Иван Кузмански го имаше со вице-премиерот Bojan Maricik. Морам да констатирам дека нашето новинарство остана со низок квалитет. За мене е несфатливо да имаш вицепремиер на гости, а да не бидеш подготвен за разговорот и за одговорите на небулозните прашања, да не знаеш (или манипулираш) дека извршната не смее да се меша во правосудната власт и слични такви популистички финти… Исто така ако анкетите кажуваат некој голем % на некој непосакуван феномен кај “анкетираните” граѓани, медиумите не можат да бидат амнестирани од тоа, ако и подолг период афирмираат ставови за да се развива тој феномен!”, пишува членот на владеачката коалиција Земон бе да посочи во кој дел манипулирал уредникот Кузмановски.

Новинарските здружение молчат за неаргументираниот напад на власта врз уредникот на Сител.

Во интервјуто Маричиќ кажува низа небулози меѓу кои и дека не чул дека САД има забелешки за изборот на шефот на ЈО за организиран криминал Абази.

Целото интервју со Маричиќ

https://fb.watch/hJrZEwY2fm/