Владин функционер: Нема закон, “за уши” на референдум

Портпаролот на владата на СДСМ од времето на Црвенковски во деведесетите вели дека за да проработи правото треба да се користат неправни методи за време на референдумот.



Актуелниот претседател на надзорниот одбор на Македонска Информативна Агенција Зоран Иванов, на социјалните мрежи вели дека сега законот не треба да важи а луѓето треба да се фатат „за уши“ и да се носат на референдумот.

“И јас сакам да сум “легалист“ ама (генерално за во Македонија), тоа е мисловна именка. Затоа сега нема закон – сите “за уши“ па на референдум. Во интеграции макар “неправно“. Ова токму во функција и овде во Македонија конечно да проработи правото, тоа е мотивот. Кога еволуцијата е бавна, проработува револуцијата, само да е “просветлена“, да води кон европски вредности”, напиша Иванов кој на сегашната позиција е именуван од владата.

Иванов е доајен на македонското новинарство.
Работел во Македонското Радио, Сител и бил портпарол на Владата.