Борис Тунџев, директорот на Агенцијата за катастар на Република Македонија во емисијата Редакција на ИРЛ признава дека во проектот на фирмата Адора Инжињеринг на Ванчо Чифлиганец имало измама која тој не сакал да ја потпише и да ја легализира.
ИРЛ во своето видео објавува изјава на Тунџев, дадена додека мисли дека не се снима, во која тврди дека одбил да потпише проект на Чифлиганец иако е роднина на моќниот бизнисмен.
Според видеото досега нема никаква правна постапка за измамата на Адора инжинеринг што значи дека Тунџев воопшто не го пријавил обидот на Адора Инжинеринг на Чифлиганец да измами граѓани.
Не е јасно дали Тунџев знае дека и непријавување на кривично дело е вршење на кривично дело.
Повеќе за скандалот во видеото по 22 минута:
“Бог”, екс политичар и бизнисмен продавал станови со лажна квадратура (ВИДЕО)






